Тест возење на BMW Z4 – новиот спортски убавец ќе се произведува во Грац


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новата генерација на атрактивниот модел Z на BMW, BMW Z4 ќе се произведува во производствениот погон на компанијата Magna Steyr во Грац, Австрија.

Z4 ќе биде пуштен во производство во три бензиски верзии со моќност од 197, 258 и 340 коњски сили.

Освен Z4, во овие производствени погони во Грац ќе се изработува и новата Toyota Supra која јапонската компанија ја разви во соработка со BMW. Во оваа фабрика се изработува и СУВ моделот на Jaguar E-Pace и BMW 5.

Според проценките, во Грац оваа година ќе бидат изработени околу 200.000 возила, што е максимален капацитет на фабриката.