Home Живот и здравје Тест: Што ве мачи – мигрена или главоболка? И како природно да ја смирите болката

Тест: Што ве мачи – мигрена или главоболка? И како природно да ја смирите болката

Постои разлика помеѓу обичните главоболки и мигрената. За да дознаете дали имате мигрена одговорете на следните 3 прашања.

-Дали главоболката во последните три месеци ви ги има ограничено активностите?
-Дали за време на истата чувствувате мачнина и чувство на гадење?
-Ви пречи ли светлината кога имате главоболка?

Доколку на сите три прашања дадовте потврден одговор, тоа е знак дека патите од мигрена. Затоа е мошне важно да пратите кога се појавува и што ја предизвикува.

Во меѓувреме обидете се да ја смирите болката на природен начин:

-Направете чај од лаванда или хмељ и додадете го во водата за капење. Одмарајте во оваа вода околу 20-тина минути.
-Помешајте 5 лажици од жалфија со бел слез, во тоа додадете маслиново масло и замотајте ги состојките во ленена крпа. Затоплете ја крпата и потоа ставете ја облогата на челото.
-Тилот и слепоочниците масирајте ги со масло од камилица, нане или смрека. По масажата лежете и одморете околу половина час.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Зошто кучињата имаат навика да јадат снег?

Зошто кучињата имаат навика да јадат снег? Кога ќе го изведете вашиот миленик на прошетка …