Тесла руши рекорди со милијардски приходи


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ изненади со резултатите за третиот квартал оваа година. Новиот приход ги надминал очекувањата на аналитичарите, „Тесла“ веќе петти последователен квартал изненадувачки остварува профит .

Вредноста на акцијата на Тесла се искачи за 4,3 проценти по објавувањето на резултатите, на 440,81 долари, објави Сеебиз.

Компанијата „Тесла“ соопшти дека годинава планирале да имаат капацитет за производство и испорака на 500.000 возила.

Приходите се искачија на рекордни 8,77 милијарди долари, од 6,30 милијарди долари една година порано. Според податоците на ИБЕС од Рефинитив, аналитичарите очекувале приход од 8,36 милијарди долари.

Со исклучок на еднократните ставки, „Тесла“ забележа профит од 76 центи по акција.