Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Tesla Long Range Plus и официјално е првиот електричен автомобил во светот со максимална автономија на движење од 650 килкометри, која ја потврди американската Агенција за заштита на околината.
Мodel S Long Range Plus својата голема автономија на движење ја должи на тоа што е полесен, поефикасен и што има поаеродинамични тркала отколку останатите модели на компанијата на Илон Маск. Tesla оваа верзија на Model S ја воведе во февруари 2020 година.
Сите модели S направени од февруари наваму имаат досег од 650 километри, напиша Илон Маск во својата објава на Twitter. Почетната цена на наведениот модел е 75.000 долари.
До неодамна агенцијата EPA и Tesla имаа различни мислења за досегот на Model S Long Range Plus затоа што агенцијата неодамна официјално потврди дека досегот на автомобилот е 630 км.
Маск тврди дека претходните тестирања на EPA не биле точни поради нивни пропусти, па максималниот досег на компанијата бил помал за 2% од посакуваните 400 милји, односно 650 км. Тогаш се појави пандемијата на корона вирусот, а сега со новите тестирања е потврдени дека наведениот модел навистина има досег од 650 км со едно полнење на батеријата.