„Тесла“ ќе му исплати оштета од над 130 милиони долари на бивш вработен заради расна злоупотреба


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американски федерален судија донесе пресуда со која на компанијата Тесла ѝ се наредува да исплати отштета од над 130 милиони американски долари на поранешен работник- Афроамериканец.

Пресудата доаѓа откако било откриено дека тој бил изложен на расно непријателска работна средина, објави Волстрит Џурнал.

Судијата рече дека компанијата не презела разумни чекори за да осигура дека Овен Дијаз, договорен работник кој бил вработен како оператор на лифтови во фабриката на Тесла во Фримонт во 2015 и 2016 година, не е расно злоупотребуван.

Во порака до вработените објавена од Тесла на нивната веб -страница, производителот на автомобили вели дека судењето се однесува на расни навреди што се случиле во фабричкиот погон и расистички графити во бањите. Исто така, било кажано дека, три пати кога Дијаз се жалел на малтретирање, од Тесла интервенирале и се погрижиле да бидат преземени мерки.

„И додека ние силно веруваме дека овие факти не ја оправдуваат казната што ја изрече поротата во Сан Франциско, признаваме дека 2015 и 2016 не беа совршени“, соопштиле од Тесла.

Пред почетокот на судењето, судијата Вилијам Орик ги отфрлил обидите на Тесла да исклучи поротник од поротата, велејќи дека верува оти обидот бил расно заснован и намерно дискриминаторски.

Тесла соопшти дека направиле промени откако Дијаз работел во фабриката во Фремонт, вклучително и тимови посветени на истражување на поплаките на вработените и осигурување дека вработените имаат еднакви можности во компанијата. Минатата година, производителот на автомобили открил во својот прв извештај за расната разновидност дека Афроамериканците сочинуваат четири проценти од првите позиции на Тесла и десет проценти од работниците.