Тесла ја одбил најубавата жена на своето време – еве зошто и со кои зборови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За жал, кога на Балканот се зборува и пишува за Никола Тесла, најчесто се расправа за најбаналното нешто поврзано со неговиот живот – неговото потекло.

Оние кои не им се дораснати на неговите дела, зборуваат за потекото, а оние на кои национализмот им е одбивен, се прашуваат зошто никогаш не се оженил.

Малку е познато дека српскиот поет Лаза Костиќ бил голем пријател со Никола Тесла, па во една прилика му предложил да се ожени со Јелена Ленка Дунѓерски, една од најубавите и наједуцирани девојки на нивното време.

Оваа информација ја потврди Перо Зубац во документарецот за поетот Костиќ, во кој неговото пријателство со Тесла само попатно се споменува.

Всушност, Лаза Костиќ со години бил вљубен во 30 години помладата Ленка, па за да се оддалечи засекогаш од неа, како сопруга за брак му ја предложил на Никола, во едно писмо кое поетот го пратил до научникот. На предлогот од Лазар да се ожени со Ленка, која во тоа време имала 25 години и била ќерка на еден од најбогатите и најмоќни Срби во тоа време, Тесла одговорил:

„Бракот не ме интересира. Јас одамна се венчав со науката“.