Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Возач на БМВ е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 17,30 часот на автопатот Скопје-Тетово, во близина на клучка Кондово.
Од полицијата информираат дека патничко моторно возило „БМВ“, управувано од В.М. (43) од Тетово, удрило во металните одбојници и се превртело.
-Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил изршен увид на местото на настанот.