Тешко на тие млади за кои Али Ахмети ќе биде „спектакл“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот премиер Димитар Ковачевски ѝ посака успех на ДУИ на вечерашната трибина во Чаир која вицепремиерот Артан Груби два дена еуфорично ја најавува како спектакл за млади, а во суштина станува збор за партиски говор на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Според премиерот вечерашниот митинг во Чаир е партиска и сосема нормална активност во година во која не се закажани избори.

– Сакам да посакам успех на вечерашната трибина која ќе ја одржи ДУИ во Чаир. Тоа се нормални активности што ги прави секоја политичка партија. Во текот на 2022 година и ние имавме такви трибини. Во послениот квартал на 2022 година имавме 70 трибини и тоа финиширшае со голема трибина со над 11.000 луѓе членови, симпатизери и граѓани во салата „Борис Трајковски“, рече Ковачевски.

Првиот вицепремиер Артан Груби, од синоќа на Фејсбук се обидува да создаде еурофија пред обраќањето на партискиот лидер Али Ахмети ветувајќи им невиден спектакл на младите симпатизери во спортска сала во населбата Чаир.

„Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети во Скопје! Ветувам невиден спектакл, особено за младите. Не пропуштајте го, зашто потоа ќе барате да слушнете од другите како беше да се биде дел од историскиот митинг од кој ќе се гради иднината“, напиша Груби на Фејсбук.