Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер, Лео Меси неодамна престојуваше во Египет каде ја подигна свеста за проблемите со Хепатитис Ц вирусот.
Домаќините за еден од најдобрите светски фудбалери обезбедија најдобар археолог, кој го водеше Меси на обиколка на пирамидите.
Меѓутоа, екипетскиот археолог Захи Хавас останал разочаран од Аргнетинецот и после средбата пред медиумите го нарече идот.
„Жал ми е шти морам да кажам, но тој е идиот. Го водев низ пирамидите околу половина час и мислев дека е многу важно да му покажам се и објаснам, но тоа него воопшто не го интересираше. Јас зборував, а тој имаше празен израз на лицето. Беше пристоен, но ми изгледа дека него го интересира само фудбалот. Зборував за тајните одаи, Тутанкамон, сето она што е најдобро и повторно ништо“, изјави Хавес кој ова го работел со многу познати личности.
„Потполна спротивност од Вил Смит кој прочитал милион книги за тоа и ми постави милион прашања. Човекот беше заинтересиран и со себе цело време носеше книга за пирамидите“, додаде Хавас.