Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Институтот за јавно здравје посветен на здравјето на населението во 2017 година покажа дека со извршените анализи и испитувања, во 34 мостри од прехранбени производи од увозно и домашно потекло биле откриени тешки метали над дозволените граници.
Анализа на контаминација на прехранбените производи со тешки метали во десетте центри за јавно здравје е извршена на 4.550 мостри, од кои 3.527 се мостри од увоз и 1.023 се мостри од домашно производство и промет.
„Недозволено високи концентрации на тешки метали се измерени кај 19 мостри, седум од увозни производи (0,2 отсто) и тоа од групата жито, брашно, а од домашно производство и промет биле детектирани тешки метали кај 12 (1,17 отсто) мостри“, пишува во извештајот.
Во Институтот за јавно здравје во однос на контаминацијата со тешки метали анализирани се вкупно 1.757 мостри, 1.065 од увоз и 692 од домашно производство и промет.
„Од вкупниот број испитани примероци кај 15 мостри (0,85 отсто) е најдена зголемена концентрација на тешки метали. Мостри со зголемена содржина на тешки метали се 13 мостри диететски производ заради зголемена содржина на олово и една мостра пченица заради зголемена содржина на олово“, се вели во извештајот.
Во групата на тешки метали се жива (Hg), кадмиум (Cd), арсен (As), хром (Cr), талиум (Tl), никел (Ni) и олово (Pb). Тие имаат релативно висока густина и се токсични при ниски концентрации.
Извор: Мета