Тешка сообраќајка во Скопје – за среќа нема загинати


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Синоќа, на скопската улица „Скупи“, во близина на бензиската „Макоил“, се случи тешка сообраќајна несреќа, која за среќа заврши без жртви.

Во сударот на автомобил Мерцедес , кој се спуштал од патот кој оди од УХМР и возило Голф, кое се движело по улицата Скупи, Мерцедесот удрил во Голфот по што неколку пати се превртел , велат очевидците. Сообраќајката се случила вчера вечерта околу 21.30 часот.

Возачот на Голфот е повреден и пренесен на клиниките, додека совозачот минал без повреди. Визилото е превртено на покрив и целосно уништено. Четирите лица кои се возеле во Мерцедесот се неповредени.

Во тек е увидот на самото место, а улицата Скупи е блокирана за сообраќај.