Тешка сообраќајка утрово на патот Куманово – Свети Николе, сообраќајот е во прекин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сообраќајот на патната делница Св.Николе – Куманово утрово од 5 часот е во прекин поради сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Сообраќајот останатите патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Табановце и ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.