Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Терористичкиот напад во две џамии во Нов Зеланд ја покажа мрачната страна на злупоутребата на современата технологија.
Полициските сили на Нов Зеланд, заедно со социјалните мрежи, од петни жили се обидуваат да ги отстранат видеата од пукањето во Крајстчерч, а во меѓувреме, наводно таквите содржини емитувани од еден од сторителите, од Фејсбук, Твитер и Инстаграм, неколку австралиски медиуми пренесуваат дел од снимките, пренесува Мкд.мк.
„Полицијата е свесна дека има исклучително вознемирувачки снимки поврзани со инцидентот во Крајстчерч, кои кружат на интернет“, се вели во соопштението на полицијата. „Ние цврсто ќе побараме линкот да не се шерува. Се трудиме да ги отстраниме сите снимки.“
Фејсбук, кој го пренесуваше во живо напаѓачот, соработува со полицијата на Нов Зеланд и ги избриша неговите профили.
Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, ја повтори молбата на полицијата на подоцнежната конференција за медиумите.
„Ние не треба да го овековечуваме, да го споделуваме, да му даваме кислород на овој акт на насилство и на пораката што стои зад него“, рече Ардер. „Она што сите ние најмалку можеме да го направиме е да не ја споделуваме, да не ја шириме или да се вклучуваме активно во таа порака на омраза. Ние бевме уверувани дека… барем на оние платформи каде што некои од тие слики се делат, активно се отстрануваат. Но јас едноставно ги замолувам луѓето, не ги споделувајте.“
Лидерот на австралиската опозиција, Бил Шортен, исто така, ги повика луѓето да не ги гледаат ниту споделуваат снимките.
„Советот на полициските сили на Нов Зеланд за мене е особено мудар“, рече тој.
„Тие рекоа, и јас се согласувам, не дозволувајте ова зло да влезе во нашите животи. Не ги споделувајте снимките. Не ги гледајте снимките. Ова не е дел од нормалниот живот. Луѓето што го извршија ова злосторство сакаа внимание. Ние никогаш не треба да го нормализираме ова. Не ги споделувајте снимките. Не ги гледајте снимките“.
Четириесет лица загинаа, а 20 се тешко повредени во терористички напад врз две џамии во Крајстчерч, кој се случи за време на попладневните молитви.
Три лица, од кои еден човек роден во Австралија, се наоѓаат во притвор.
Премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн го опиша како „терористички напад“, а австралискиот премиер Скот Морисон како „екстремистички, десничарски насилен терористички напад“.
Крајстчерч сè уште е во вонредна состојба.
Ардерн рече: „Многумина директно погодени од ова пукање може да се имигранти во Нов Зеланд, тие можеби се и бегалци тука… Тие се како нас. Оној што го овековечи ова насилство против нас не е како нас.“