ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО КРИМ: Најмалку десет лица го загубија животот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најмалку десеттина лица го загубија животот во експолозијата во техничко учулиште на полуостровот Крим, а властите посочуваат дека најверојатно се работи за терористички напад.

Експлозијата се случија во салата за јадење во прв момент сомнението било дека станува збор за протекување на гас. Националниот антитерористички комитет потоа изјави дека на местото на настанот е пронајдена експлозивна направа, додека локалните медиуми објавија дека во училиштето се слушнале и истрели од автоматско оружје.

Тоа беше вистински терористички напад, како оној во Беслан. Има многу тела наоколу, тела на деца. Меѓу загинатите има и деца и вработени во училиштето. Напаѓачите упаднале со автоматски пушки, не знам кои беа тие“, изјави директорката на училиштето, Олга Гребеникова, посочувајќи го нападот како оној од2004 година, кога беа убиени повеќе од 330 луѓе.