Терористички напад на автобускиот терминал во Менхетн (видео во живо)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Автобускиот терминал Порт Ауторити на Менхетн меше епицентарот на бомбашкиот напад кој се случи денес. Неколку лица се повредени, а полицијата од Њујорк веднаш го уапси бомбашот.

„Њујоршката полиција ги проверува дојавите за експлозија од непознато потекло на раскрницата меѓу 42 улица и 8 авенија“, објавија од њујоршката полиција на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.

“NY Post” пренесува дека бомбашот самоубиец ја детонирал експлозијата, но таа се активирала погрешно. Тој бил веднаш бил одведен во притвор, откако ја поставил импровизираната експлозивна направа во подземниот ходник кој што води до линиите “N, Q и R”.

„Се слушна дека експлозијата доаѓа од подземната железница, но не сум сигурен. Имаше две одвоени експлозии, а меѓу нив поминаа неколку секунди. Додека се пробивав надвор, луѓето ги туркаа полицајците. Насекаде имаше “SWAT” тимови, беше доста хаотично“, изјавил сведокот Федерико Рамирез за „СиЕнЕн“