Терминот 20:45 за Лига на шампиони оди во историјата – УЕФА воведува нови сатници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Извршниот комитет на УЕФА на последниот состанок во Нион реши да направи промени и да го елиминира стандардниот термин на натпревари од 20.45 часот.

Според новиот договор во УЕФА, од сезоната 2018, па до 2021 година, натпреварите ќе се играат во два различни периоди. Првиот термин на фудбалските дуели во рамките на Лигата на шампионите ќе биде 19.00 часот и во истиот ќе се играат вкупно два натпревари, додека останатите шест од групите која ќе се играат во денот, ќе бидат закажани од 21.00 часот.

Од УЕФА велат дека причина за ова е љубителите на фудбалот да имаат шанса да следат повеќе натпревари.