Тереза Меј „преживеа“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Британската премиерка Тереза Меј го издржа преиспитувањето на довербата во својата партија и го „преживеа“ гласањето со 200 гласа „за“ наспроти“ 117 гласови против на конзервативните пратеници, јавуваат британските медиуми.

Со ова гласање Меј ја обезбеди лидерската позиција до следните избори. Гласањето беше тајно, а Меј доби поддршка од 200 конзервативни пратеници, додека 117 гласаа против давањето доверба на нејзиното раководство.

Ѝ беше потребно едноставно мнозинство за да остане на челото на партијата, односно 159 од 317 гласови на конзервативците.

Откако Меј го преживеа гласањето за доверба во својата партија, се огласи лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин, кој кажа дека британскиот парламент мора да ја врати контролата врз процесот на повелекувањето на Британија од Европската Унија.

„Вечерашното гласање не прави разлика во животот на нашиот народ. Таа сега мора да го врати својот несреќен договор во долниот сом на британскиот парламент следната недела за парламентот да ја врати контролата“, наведе Корбин.

Резултатот на вечерашното гласање значи дека Меј може да ја задржи позицијата лидерка на партијата и премиерка, додека продолжиува да ја води тешката битка за да добие согласност од парламентот за нејзиниот план за брегзитот.

Нејзината победа значи и дека колегите од Конзервативната партија не можат да ја предизвикаат на гласање за доверба во следната година.

Меѓутоа, Меј би можела да наиде на предизвик во парламентот доколку опозициската Лабуристичка партија побара гласање за доверба во долниот дом на парламентот поради лошиот план на британската премиерка за излегување на земјата од ЕУ.