Теретаните во САД се затворени за сите – но, не и за Џеј Ло


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


50-годишната Џенифер Лопез на социјалните мрежи тврдеше дека таа и нејзиниот свршеник Алекс Родригез (44) и нивните деца се во изолација во Мајами, како превентивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Но нејзиниот карантин очигледно е многу поразличен од оној во кој што живеат „обичните смртници“ низ САД.

Иако сè е затворено поради пандемијата, латинската дива Џеј.Ло влезе во својата омилена сала за да може да тренира.

Актерката и пејачка е снимена на влегување во центарот за спорт и рекреација во Мајами со партнерот, поранешниот бејзбол играч.

Натписот „салата не е отворена – останете дома“ очигледно не се однесува на ВИП клиентите како неа.

Џенифер стрпливо чека пред вратата додека нејзиниот личен чувар го дезинфицира апсолутно секое место што допре ѕвездата. Секако, тој носеше и заштитна маска, што самата Лопез ја немаше.

И нејзиното заминување заедно со Алекс од салата не помина незабележано, што треба да се очекува, особено затоа што многу sвезди строго се придржуваат кон правилата и навистина остануваат во рамките на нивните четири ѕида.

– Браво! Вие сте вистински пример за одговорно однесување! Кој дел од зборовите „карантин“ и „самоизолација“ не сте го разбрале? Не ви беше добра приватната сала со поглед на океанот? Вие не треба да имате таков дом ?! Ги вадите сите од памет! – беа дел од критиките на социјалните мрежи.