Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
По пријава за истрели од огнено оружје, денеска, 16.06.2021, во СВР Скопје од полициски службеници во полициска станица биле приведени М.А.(31) и М.С.(35) од Страчинци и Н.Џ.(27) од Арачиново.
Инцидентот се случил околу 2 часот во Арачиново, кога по претходна расправија М.А. пукал од пиштол и го повредил Б.А.(36) од Арачиново, поради долг што го имал Б.А. кон него.
Подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза” со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А..
Во истата болница со повреди од огнено оружје бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите.
Во врска со случајот, од местото биле подигнати чаури од пиштол и две патнички возила. Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.