Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алберт Ајнштајн веќе беше светски познат физичар кога во декември 1932 година американската разузнавачка служба ФБИ отвори тајно досие за него, напиша во средата National Geographic.
Ајнштајн и неговата сопруга Елза штотуку се преселиле во САД, односно се доселиле од родната Германија, каде Алберт бил посветен на социјалните прашања. Во тоа време тој јавно е против расизмот и национализмот.
До смртта на Ајнштајн на 18 април 1955 година, досието на ФБИ имало 1.427 страници.
Директорот на разузнавачката агенција, Џеј Едгар Хувер, имал многу сомнежи околу активноста на Ајнштајн.
„Човекот, најверојатно, е комунист“, вели Хувер, и дефинитивно е „исклучително радикален”.
Самиот научник, најверојатно, би се насмеал на овие епитети бидејќи во Германија веќе имал слушнато многу лоши нешта за себе, особено оние кои му ги упатувале нацистите.
Тој воопшто не се плашел од властите. „Бесмислена е почитта кон власта“. Тој бил најголемиот пријател на вистината. Во 1901 година веќе ги предизвикал властите. Поради лошото однесување, Алберт Ајнштајн на 15 години бил протеран од гимназијата во Германија.
На 17 години повеќе не сакал да има ништо заедничко со авторитарните германски училишта и неконтролираниот милитаризам, кои го мразел. Наместо тоа, го посетувал Политехничкиот институт во Цирих, Швајцарија, и станал швајцарски државјанин. Откако дипломирал, започнал со работа во швајцарскиот патентен завод во Берн. Таму ја создава револуционерната теорија на релативноста и квантната теорија во 1905 година.
Сѐ до 1914 година Ајнштајн не се вратил во Германија. Тогаш научните достигнувања му донеле престижно назначување на Универзитетот во Берлин. Таму продолжува да ги развива своите идеи за релативноста и гравитацијата, а потоа, во 1919 година, тие добиваат спектакуларна потврда. Тие се резултат од набљудувања на телата и нивните затемнувања.
Нацистичката партија наскоро ја осудува теоријата за релативитетот како „еврејска перверзија”, а Ајнштајн добива толку многу анонимни смртни закани што решава да ги избегнува. Но, заканите не запираат. Тој ја користи новооткриената слава за да зборува отворено против она што го гледа како зло на светот.
„Молчењето пред лицето на злото“, рекол еднаш Ајнштајн, „би ме натерало да се чувствувам виновен како соучесник”. Ајнштајн го осудува милитантниот национализам. Го нарекува „сипаници на човештвото” , а во 1929 година го става под прашање и капитализмот.
„Ги гледам класните разлики како нешто неправедно и, конечно, засновани на насилство”, пишува во 1931 година и додава: „Секој човек сака да биде почитуван како личност и не треба никој да биде претворен во идол”.
Во 1937 година, кога афро-американската пејачка Маријана Андерсон не добива хотелска соба, а Ајнштајн ја прима во својот дом во Принстон, Њу Џерси, по што се раѓа едно доживотно пријателство.
Освен тоа, Ајнштајн се спријателува со афро-американскиот пејач Пол Робсон, кого го жигосуваат затоа што е комунист.
Во 1946 година научникот објавува дека сегрегацијата е „болест на белите луѓе”.
По 1933 година и доаѓањето на Хитлер на власт, Ајнштајн го прифаќаа чистиот пацифизам.
Во август 1939 година, стравувајќи дека германските физичари веќе се натпреваруваат да го експлоатираат новооткриениот феномен на фисија, Ајнштајн праќа писмо до американскиот претседател Френклин Рузвелт во кое предупредува дека „елементот ураниум може да се претвори во еден нов и важен извор на енергија “- т.е. бомба. Одговорот на Рузвелт е проектот „Менхетен”, катастрофална програма за развој на атомска бомба пред Хитлер да ја направи.
Ајнштајн не учествува во проектот, но во пролетта на 1945 година пишува ново писмо, повикувајќи го претседателот да се сретне со научниците од проектот „Менхетен”, кои биле загрижени поради брзањето да се заврши бомбата и да биде користена, иако Германија била блиску до поразот и очигледно се откажала од ураниумот.
Рузвелт умира на 12 април, пред да успее да го прочита писмото, а Ајнштајн дознава дека во август била детонирана атомска бомба над Хирошима,.
Во остатокот од својот живот Алберт Ајнштајн станува неуморен поборник за приближувањето на нуклеарното оружје под некаква форма на меѓународна контрола. Во нуклеарното време, вели тој, војната стана форма на лудило.