Теорија на професорка по математика: За 12 години започнува ледено доба

ледено доба

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За 12 години би требало да започне мини ледено доба, кое за кратко ќе го прекине глобалното затоплување.

Истражувањето кое заедно го спроведија британски и руски универзитети, покажа дека до 2030 година би можело да дојде до „мини ледено доба“. Температурите би требало знатно да паднат, а заледените реки и снегот да станат честа појава.

Промена на електромагнетните активности на Сонцето

Научниците користеле математички модел на Сонцето, па на тој начин пресметале како електромагнетните актривности ќе се одразат на температурата на Земјата. Научниците веруваат дека сончевите електромагнетни бранови ќе започнат да слабеат во 2021 година, и тоа ќе трае 33 години. Ако погледнеме во историјата, ваквите промени врз Земјата се одразиле со знатно пониски температури.

Валентина Жаркова, професор по математика на Универзитетот Нортумбрија својот труд го темели на претходни истражувања кои биле извршени во Москва.

Жаркова наведува дека овој модел е со веројатност од 97%, а е слично како и претходни вакви случувања. Последно такво случување беше од 1645 до 1715 година, познато како Маундеров минимум. Меѓутоа, таа предупредува дека нивното истражување не може да се користи како доказ дека навистина ќе се случи тоа, а како една од причините за тоа го наведува глобалното затоплување.

„Се надевам дека глобалното затоплување нема да го спречи настапувањето на малата ледена доба. Со тоа му се дава шанса на човештвото и период од 30 години за да го реши проблемот со загадувањето“, гласи изјавата на Валентина Жаркова.

Таа предупредува дека таквата состојба би можела да трае сè додека повторно не се активираат магнетните бранови. И  тоа би можело да потрае околу 30 години. „Дотогаш мораме да ги подготвиме сите на Земјата за следната соларна активност“, додава Заркова.