Теоретичари на заговор: На Марс се водело војна


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Теоретичарите на заговор до сега повеќе пати воочиле необични предмети на Марс, а според нивните тврдења овој пат на соседната планета воочиле топовска топка.

На фотографија која ја снимила Наса, еден Јутјубер воочил правилна метална топка за која се смета дека е топовска топка.

Некои одитоа и чекор понатаму со тврдењата, па така сметаат дека ова е доказ за војна на Марс.
„Оваа метална топка е со совшен облик и одговара на големина од топовска топка“, рече Скот кој тврди дека ова е доказ за војна на Марс.

Додал дека камењата околу топката се доказ за цивилизацијата која порано постоела, односно топката е испалена за да се уништи атмосферата на оваа планета.

„Верувам дека оваа топка и милион слични топки се намерно испалени на Марс со цел да се уништи неговата атмосфера“ кажува Скот.