Тензијата меѓу Путин и Лукашенко предизвика раскол во Евроазиската унија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На Евроазиската унија ѝ се заканува распад поради конфликтот на Русија и Белорусија, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко не се појави на неформалниот самит на оваа организација во Москва.

Неформалниот самит на Евроазискиот екононски сојуз, кој го сочинуваат Русија, Белорусија, Ерменија, Казакстан и Киргизија, како и Организацијата за колективна безбедност и соработка во која е и Таџикистан, беше одржан на 26 декември во Санкт Петербург, но без присуство на белорускиот претседател Алексанадр Лукашенко, јавува Макфакс.

Ниту од Минск, ниту од Кремљ не објасниле заошто Лукашенко не се појавил на Самитот. Лукашенко досега само два пати отсуствувал од вакви самити, во 2009 и во 2013 година. На овие настани обично доаѓаат шефови на држави, а доколку се спречени ги менува премиер или друг висок функционер. Меѓутоа, овој пат Белорусија не испрати никого.

Аналитичари во руските медиуми сметаат дека причината лежи во затегнатите односи меѓу Русија и Белорусија. Двете држави годинава не можеа да се договорат за уловите за транспорт на рускиот гас.

Минск на Москва и должи 425 милиони долари, а белориската страна бара и намалување на цената на гасот од 132 на 73 долари за кубик енергент. Иако имаше обиди и бројни средби за надминување на проблемот, меѓу кои и ноемвриската средба на Владимир Путин и Александар Лукашенко во Москва, договор не е постигнат.

Пред крајот на оваа година дојде до конфликт поради увозот на стока од Европа која подлежи на руски санкции. Експертите сметаат дека односите меѓу двете земји се многу нарушени и дека повеќе ништо не е како што било.

Отсуството на Лукашенко сериозно ги разниша темелите на Евроазискта унија. Царински договор на самитот потпишаа Русија, Ерменија, Казакстан и Киргизија. Документот е испратен до Белорусија на потпис, и без нејзино одобрение нема да стапи на сила.

Бидејќи без претставник на Белорусија го немаа потребниот кворум, челниците на Евроазиската унија не можеа да изберат генерален секретар, па изборот бил одложен за април.

Валериј Карбалевич, белоруски политички аналитичар, вели дека Лукашенко и претходно се заканувал со бојкот со цел да добие отстапки од Русија за извоз на млечни производи и во врска со експлоатацијата на нафта, во што и успеал. Меѓутоа, ситуацијата сега е поинаква.

Лукашенко повеќе не може да влијае на руското јавно мислење бидејќи поддршката за Путин е голема, и неизвесно е дали белорускиот претседател ќе успее во намерата, вели аналитичарот.