Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британските шоубизнис медиуми тврдат дека уште од денот на свадбата од Бруклин Бекам и Никола Пелц постои раздор помеѓу снаат и свекрвата Викторија Бекам.
Проблемите настанале уште на венчавката на најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин. Познатата модна икона на својата снаа ѝ приредила вистински пекол.
Конкретно, Викторија решила на венчавката да побара „момент за мајката и синот“, па затанцувала со Бруклин на песна што требало да биде изведена за него и неговата нова сопруга. Песната во живо ја извел Марк Ентони, кој случајно е кум на најмладиот син на Викторија и Дејвид Бекам. Наводно, како што пишува британски Сан, тоа толку ја налутило Пелц што излетала од собата и пола свадба ја исплакала.
View this post on Instagram
Скандалозниот потег на новопечената свекрва Викторија, неколку месеци по венчавката е семе на раздор во семејството. Изгледа дека Никол не може да ѝ прости што и го уништича романтичниот момент на свадбата која, судејќи според вложените пари, секој момент требало да биде бајка.
Инаку, покрај лошите односи со снаата, Викторија со тој потег го налутила и синот, кој наводно целосно го заладил односот со неа. На социјалните мрежи се шпекулира дека Бруклин дури и целосно ја отфрлил мајка си бидејќи јавно не ѝ го честитал Денот на мајката, нешто што досега редовно го правеше.
Интересно е и тоа што по венчавката, која се одржа во април, Бруклин на социјалните мрежи не објави ниту една фотографија со својата мајка Викторија, ниту пак ѝ посветил некоја објава. Сè до оваа година, потсетуваме, тоа се случуваше барем еднаш неделно.