Тензии во Средоземното море: Турски Ф-16 биле земени на нишан од грчкиот ракетен систем


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Грчки ракети земја-воздух електронски нишанеле кон турските борбени авиони Ф-16 кои летале во извидувачка мисија во меѓународниот воздушен простор.

Ова е последното во низата турски тврдења дека соседна Грција цели на турски авиони кои летаат над Егејското Море и во источниот Медитеран.

Радарот на грчкиот ракетен систем С-300 базиран на островот Крит на 23 август регистрирал и нишанел кон турски авиони, објави турската агенција, повикувајќи се на извор од Министерството за одбрана.

Турските ловци Ф-16 летале на височина од 10.000 стапки западно од грчкиот остров Родос кога бил активиран радарот за следење на целта на рускиот систем за воздушна одбрана С-300, се додава во извештајот.

Турските авиони ја завршиле мисијата и се вратиле во своите бази „и покрај непријателската средина“.

Во турското соопштение се потсетува дека според правилата на НАТО, активирањето на радарите за гаѓање на системите за противвоздушна одбрана се смета за непријателски чин.