Home Актуелно Тензично во Србија: Брутална агресија на полицијата врз граѓани кои седат на клупа (снимка)

Тензично во Србија: Брутална агресија на полицијата врз граѓани кои седат на клупа (снимка)

Снимката е направена во Пионирски парк, во Белград.

Припадниците на српската полиција воспотавија контрола, по повеќечасовните судири со демонстрантите, во пошироката околина на српското собрание и поставија повеќе кордони со кои спречуваат враќање на учесниците на протестите кон зградата на парламентот.

Откако околу еден часот по полноќ на полицијата ѝ пристигна засилување, таа со употреба на физичка сила и солзавец ги потисна демонстрантите на плоштадот Никола Пашиќ и Пионирски парк.

Еден кордон е поставен на Теразије, друг меѓу зградата на Претседателството и градското собрание, како и на други места. Припадниците на полицијата околу полноќ ги потиснаа демонстрантите од платото пред српската Скупштина.

Групи демонстрантите се судрија со полицајците кај собранието, па пред собранието беше фрлено големо количество солзавец за да се избркаат насобраните.

Протестот почна синоќа околу 21 часот по најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе биде воведена вонредна состојба со полициски час во Белград, можеби и во други градови во Србија.

Првиот поголем судир се случи во 23:30 часот кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења и факели кон полицијата, по што полицијата возврати со солзавец.

Една група демонстранти успеа да упадне во зградата на Скупштината на Србија, но набрзо беше исфрлена надвор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…