Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс на својот профил на „Снепчат“, објави дека е бремена.
Серена Вилијамс, една од најуспешните тенисерки на сите времиња, која освои шест титули на последните десет Гренд Слем турнири, во 35 година од животот објави дека е бремена со своето прво дете.
Оваа вест таа ја објави преку мрежата „Снепчет“, а сликата ја нарече „20 недели“. Американката е во врска со основачот на „Ридит“, Алекс Оханијан.
Серена на почетокот на годината ја освои титулата на Аустралијан Опен што беше нејзина рекордна 23-та Гренд Слем титула.
Серена ја престигна Штефи Граф на вечната листа и се издвои на првото место според бројот на освоени Гренд Слем титули на четирите најголеми турнири во опен ерата, додека во генералниот поредок една титула повеќе има Маргарет Корт.