Тениската легенда со солзи во очите: „Го допрев дното“ (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славниот поранешен тениски ас Борис Бекер си ја отвори душата во документарниот филм, снимен пред да оди во затвор за банкрот.

Бекер на почетокот на годинава беше осуден за „прикривање“ на имот вреден 2,5 милиони фунти, а се очекува наскоро да биде ослободен по осум месеци затвор.

На видеото кое го најавува објавувањето на документарецот, Бекер се гледа со солзи во очите.

„Го допрев дното, не знам што да правам со тоа. Ќе се соочам со мојата казна, нема да се кријам или да бегам. Ќе прифатам каква и да е казна. Денес е среда попладне, и веќе во петок ќе знам што да правам со остатокот од мојот живот“, рече Бекер.

Бекер, кој живее во Лондон од 2012 година, половина од 30-месечната казна ќе ја одлежи зад решетки, по што наводно ќе биде депортиран во Германија.

Покрај Бекер, во документарецот се појавуваат и ривали како Мекинро, Виландер, Штих и Новак Ѓоковиќ, кои Борис ги тренираше во периодот од 2013 до 2016 година.

Да потсетиме, Бекер прогласи банкрот во 2017 година поради долг од речиси 50 милиони фунти.