Home Спорт Тен Хаг сака да воведе „Кристиано Роналдо“ правило во Манчестер Јунајтед – еве што значи тоа

Тен Хаг сака да воведе „Кристиано Роналдо“ правило во Манчестер Јунајтед – еве што значи тоа

Тренерот Ерик Тен Хаг сака да создаде стабилна екипа која ќе може да се бори за титулата во иднина во Премиерлигата, па веќе почна да се ослободува од непотребните фудбалери.

Клубот го избрка Кристиано Роналдо пред еден месец, а сега тренерот сака да се ограничат платите, односно никој да не добива над 200.000 фунти неделно за да се избегнат проблеми во соблекувалната.

Британските медиуми го нарекоа ова правило „Кристијано Роналдо“ за да не се повтори ситуацијата кога тој земаше 500.000 фунти неделно.

„Целта е да се создаде силна соблекувална, да нема љубомора меѓу фудбалерите и тоа може да се постигне со израмнување на платите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…