Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност, која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а максималните од 34 до 41 степени.
Во Скопје, попладне е можен краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурите ќе се движат од 20 до 39 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст, при што во вторник и в среда во најтоплите делови повторно ќе надмине 40 степени.
Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува в среда кон четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5 до 7 степени.
Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на викенд кога ќе има локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.