Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Темната чоколада со 70 отсто или поголем удел какао, е богата со растителни соединенија наречени флавоноиди и флаваноли, што се поврзува со помала можност од срцеви заболувања.
Американското здружение за срце забележува дека јадењето темна чоколада веројатно е поврзано и со помала опасност од отпорност на инсулин и висок крвен притисок. Истражувањата укажуваат и на когнитивни придобивки, како што се подобрување на протокот на крв во мозокот, подобро помнење, побрза обработка на податоците и поубаво расположение.
Научен труд објавен во „Интернејшнал журнал оф егзерсајз сајенс“ (International Journal of Exercise Science), го испитува ефектот на мала количина темна чоколада врз потрошувањето енергија кај жените за време на одмор и во вежбање.
Така, 18 жени во добра форма, одбрани по случаен избор, биле поделени во две групи – на едната ѝ е дадена 20 грама темна чоколада, а на другата еднаква калориска количина бела чоколада. Сѐ тоа требало да се јаде секој ден во 28-дневното тестирање. Испитаничките не биле свесни за фактот дека темнота чоколада е тестот, а белата е само плацебо-ефект. Вежбите вклучувале возење велосипед во место со два различни интензитета.
Испитувањата покажаа дека учесничките кои јаделе темна чоколада доживеале скоро 10 отсто зголемување на метаболичката стапка во мирување, наспроти никакво зголемување кај групата со белата чоколада.
Занимливо, темното чоколадо немало никакво влијание врз потрошувањето енергија за време на кој било интензитет во циклусот.
Иако може да се претпостави дека кофеинот во чоколадата може да биде причина за зголемен метаболизам, написот вели дека дневната доза темна чоколада – приближно четири парчиња, била премала за неговата содржина кофеин да игра значајна улога во исходот. Поверојатно е дека флавоноидите во темната чоколада стимулираат зголемен метаболизам, според истражувачите. Тие посочуваат дека натамошните истражувања може да ја откријат и расветлат улогата на темната чоколада во енергетскиот баланс, контролата на тежината и на телото воопшто.