Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кардиф и Нант веројатно ќе завршат на суд поради обесштетувањето за Емилијано Сала, фудбалерот кој трагично настрада во авионска несреќа, над Ламанш, на 21 јануари.
Трансферот на Сала е рекорден во историјата на Кардиф, клубот се обврза да плати за Аргетинецот 17 милиони евра. Сепак откако се случи несреќата во Кардиф на сите начини се обидуваат да го избегнат плаќањето.
Претседателот на Кардиф Сити, Мехмет Далман, ќе плати 17 милиони евра за трансферот на Сала, но само ако законите бараат исплатата да биде направена.
„Ако бидеме обврзани од законот да платиме, ќе го направиме тоа. Ако не бидеме обврзани да го направиме, тогаш ќе ги заштитиме интересите на клубот и ќе опстојуваме на нашата позиција. Се уште сме во процес на собирање на повеќе информации“, изјави Далман за британските медиуми.
„Ние сме чесен клуб. Доколку договорот не обврзува тогаш ќе го исплатиме обесштетувањето. Но доколку тоа не мораме да го направиме, а мислам дека има некакви неправилности, тогаш логично е дека како претседател ќе работам за доброто на клубот“, заклучил Далман.
Телото на Емилијано Сала се очекува во девет часот наутро да пристигне на аеродромот во Буенос Аирес, а потоа да биде пренесено во Прогрес, неговото родно место. Ден подоцна во просториите на клубот каде што Сала изразна неговите сограѓани ќе можат за последен пат да се простат од него.