Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Телата на петмина од вкупно деветте загинати лица во хеликоптерската несреќа која се случи во Калабасас Калифорнија, меѓу кои и она на 13-годишната ќерка на Коби Брајант, Џиана, допрва треба да бидат официјално идентификувани.
Телото на кошаркарскиот великан Коби Брајант веќе е идентификувано, а идентификацијата беше направена со помош на анализа на отпечатоци од прсти, рекоа истражните лица. Истрагата продолжува на местото каде што неговиот хеликоптер се урна во Лос Анџелес.
Останките на девет лица се извлечени од местото, но телата на петмина, меѓу кои и на 13-годишната ќерка на Брајант, Џиана, допрва треба да бидат идентификувани.
Инспекторите досега користеле отпечатоци од прсти за да ги идентификуваат 41-годишниот Брајант, 50-годишниот пилот на хеликоптерот Ара Зобајан, друг маж по име Џон Алтобели (56) и жена по име Сара Честер (45).
Другите жртви се сопругата на Алтобели, Кери Алтобели, 46, и нивната ќерка Алиса (13), селекторката на кошаркарската академија „Мамба“, Кристина Маузер (38) мајка на три деца и ќерката на Честер, Пејтон (13). Иследникот рече дека истражителите „сè уште работат“ на идентификувањето на нивните останки.
Пилотот на хеликоптерот им кажал на контролорите на воздушниот сообраќај дека се искачува за да избегне слој од облаци непосредно пред уривањето на ридот во Калабасас, западно од Лос Анџелес, во неделата, според Националното биро за безбедност при транспорт (НТСБ).
„Искусниот“ пилот Ара Зобајан неколку минути пред несреќата добил посебна дозвола да лета во густа магла и летал на висина од 400 метри.
Податоците од радарот откриле дека тој потоа се искачил на 700 метри пред да сврти налево и да почне да се спушта. Остатоците од хеликоптерот Сикорски С-76Б беа најдени на 330 метри, соопшти НТСБ.
Додека истражителите продолжуваат да го пребаруваат местото на несреќата во Лос Анџелес, на социјалните медиуми и пред салата на Лејкерс центарот Стејплс масовно му се оддава почит на 41-годишниот великан.
Брајант, петкратен шампион во НБА лигата, кој играше за ЛА лејкерс во текот на својата 20-годишна кариера, се смета за еден од најголемите играчи во историјата на кошарката.