Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полицијата во Рио де Жанеиро пронајде труп во изгорен автомобил, за кој се сомневаат дека е на грчкиот амбасадор во Бразил, кој исчезна пред три дена.
Киријакос Амиридис (59) го изнајмил тој автомобил, а пред три дена од Бразилија тргнал да ги прослави новогодишните празници на Копакабана, по што му се губи трага. Последен пат е виден во предградие на Рио, каде е пронајдено и неговото возило.
Во тек е утврдување на идентитетот на пронајденото тело, пренесува BBC.
Според изјавите на полицијата, мала е веројатноста грчкиот амбасадор да бил киднапиран, бидејќи не бил побаран откуп.
Амиридис бил поставен за амбасадор во Бразил оваа година, а од 2001 до 2004 година бил генерален конзул на Грција во Рио. Тој беше и амбасадор во Либија од 2012 до 2016 година. Оженет е и има една ќерка.