Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Супер-луксузниот спортски автомобил од Кристиано Роналдо, „Bugatti Veyron“ вреден вртоглави 2,5 милиони евра бил испратен со камион за влечење под сина церада откако неговиот телохранител удрил со него во ѕид во Мајорка, кога му го носел на фудбалерот, пишува „Mirror“.
Пред неговата прва претсезона со новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, Роналдо одлучи да го однесе своето семејство во Мајорка на престој во приватна вила. Но, неговото патување направи пресврт во понеделникот, кога неговиот ценет Бугати доживеа сообраќајна несреќа.