Телохранителот од Ким тужен од осигурителната компанија за грабежот од 6 милиони долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Осигурителната компанија го обвини и му поднесе тужба на телохранителот на Ким Кардашијан за 6,1 милион долари тешкиот грабеж кој ја снајде Кардашијан во Париз пред две години.

Осигурителната компанија АИГ тврди дека Паскал Дувиер и неговата компанија „Заштита на безбедноста” „негрижно” го штителе приватниот стан на ѕвездата.

Кардашијан Вест била жртва на вооружен грабеж и врзана за време на Париската модна недела во октомври 2016 година. Осигурителната компанија го платила накитот украден во инцидентот.

Петтемина разбојници, облечени како полицајци, и упериле на Киом пиштол во главата додека ја ограбувале пред да ја врзат и да ја заклучат во бањата. За тоа време телохранителот Дувие ги придружувал сестрите Кардашијан во ноќен клуб.

Во тужбата на АИГ, поднесена во Делавер, се тврди дека телохранителот и неговата фирма ја оставиле Ким сама во нејзината соба.

Во тужбата исто така се тврди дека имало бројни прекршувања на безбедноста – вклучително и исчезнати или скршени брави и скршен домофон – за што сметаат дека исто така требало да биде одговорност на телохранителот.

Француската полиција уапси 10 лица во јануари 2017 година во акција пшротив банда разбојници.