Тело на исчезнат човек пред 22 години бил пронајдено преку „Гугл Мапс“ (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


 „Гугл Мапс“ пронајде тело на човек кој се водел за исчезнат 22 години.

Вилијам Молт (40) од Лантана на американската сојузна држава Флорида исчезнал 1997 година, кога по едно вечерно излегување не се вратил дома.

По Молт се трагало подолго време, но тој не бил пронајден, па бидејќи поминало подолго време потрагата била прекината.

Сега 22 години потоа, на 28 август годинава, возилото и неговото тело биле пронајдени во рибник во градот Велингтон и тоа благодарение на „Гугл Мапс“.

Човекот кој го забележал возилото се јавил во полиција која подоцна го идентификувала телото кое се покажа дека е исчезнатиот Молт.

Шерифот на Округот Палм Бич смета дека најверојатно Молт загубил контрола над возилото, но потенцираше дека не може да знае што се случило затоа што поминало толку многу време.