Тело и мускули кои вредат злато – запознајте ја жешката Али Рајсман


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Александра Роуз „Али“ Рајсман е американска гимнастичарка и двојна олимпијка, родена на 25 мај, 1994 година.

Таа беше член и капитен на женскиот олимписки тим на САД во 2012 и 2016 година, кои покажаа одлични резултати во натпреварувањата.

На Олимписките игри во Лондон, 2012 година, Али освои злато во екипна и партер конкуренција, како и бронза во баланс, со што стана најуспешната американска атлетичарка на Игрите.

Во 2016 во Рио де Жанеиро освои злато во екипна конкуренција, со што заедно со колешката Габи Даглас станаа единствените Американци кои го одбраниле тимското злато. Освои и два сребрени медали во индивидуална конкуренција.

Рајсман беше дел од златната победничка американска екипа и на Светските првенства во атлетика во 2011 и 2015 година.