„Тел Авив не е безбеден“: Хакери го хакираа интернет преносот од Евровизија – еве што пуштија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Израелската интернет страница која преку „стримиг“ во живо ја пренесуваше првата полуфинална вечер од „Евросонг“ во Израел беше хакирана со анимирани слики од експлозии во Тел Авив, каде што се одржува музичкиот настан, за што националниот радиодифузер ги обвини милитантите на Хамас.

Хакирањето на веб-страницата на Кан не влијаеше на редовниот телевизиски пренос на шоуто во вторникот вечерта во Израел или во странство.

Израелското организирање на европското музичко натпреварување во 2019 година привлече пропалестински повици за бојкот во знак на протест против израелската политика.

Хамас, палестинската исламистичка група што го контролира појасот Газа, немаше веднаш коментар.

Месецов Хамас водеше тридневни борби со Израел, со стотици ракетни напади од Газа и израелски воздушни напади во енклавата.

Откако вчера почна овој натпревар на 41 земја со првото полуфинале, во веб-емитувањето на Кан беа уфрлени анимирани сателитски снимки со експлозии во Тел Авив со заканувачка музика во заднината, пренесе Ројтерс.

Кан истакнa дека вечерта заврши без понатамошни инциденти и дека Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија се пласираа во саботното финале.

„Знаеме дека во одредена фаза имаше обид, најверојатно од Хамас, да се контролира нашето дигитално емитување“, рече извршниот директор на Кан, Елдад Кобленц, за Израелското воено радио.

„Но среќен сум што можам да кажам дека во рок од неколку минути успеавме да ја преземеме контролата врз овој феномен“.

Палестинците и нивните странски поддржувачи повикуваа, досега безуспешно, земјите да го избегнуваат натпреварот во Тел Авив, како дел од пошироките напори да се изолира Израел на меѓународно ниво.

Во голем број од повиците за бојкот се напаѓаше Мадона, која во вторникот пристигна во Израел, пред да учествува како гостин во финалето на Евровизија.

Вториот полуфинален натпревар е в четврток.

Занемарувајќи го притисокот, Мадона рече дека „никогаш нема да престане да свири музика за да исполни нечија политичка агенда“.

Европската радиодифузна унија, која го надгледува натпреварот, го немаше бројот на гледачите на вторничното издание од целиот свет. Но нејзиниот портпарол изјави дека минатата година вкупно 186 милиони луѓе ги гледале и полуфиналињата и финалето.