Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Замрзнување на придонесите, бараат текстилците. За сите работници кои имаат плата од 12 до 18.000 денари, здружението за текстил бара да се плаќаат фиксни придонеси од 5130 денари. Бараат мерката да важи три години, а ќе придонесе да се зголемат платите на работниците, а со тоа и просечната во државата, но и ќе се искорени иплаќањето плата во кеш.
Со ваква мерка, за која уште не разговарале со Владата, сметаат дека ќе им се олесни работата по покачувањето на минималната плата. Исплата на минималецот од 200 евра е голем товар, посебно затоа што најголем дел од работодавачите не добија субвенции. Поддршка од државата е побарана за само 9000 работници, а одобрена е за 6000. Причина е серверот во УЈП кој не ги прифаќал барањата односно не препознавал прекувремени саати, работа во празник, породилно и други боледувања.
Проценките беа дека минимална плата тод 200 евра треба да добијат околу 130.000 работници а најголем дел од нив вработени во текстилната и кожарската индустрија. Во вој сектор работат над 36.000 работници или близу 40 насто од вработените во преработувачката индустрија.