Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тексашкиот гувернер Грег Абот со извршна наредба им забрани на компаниите и другите субјекти да наметнуваат обврска за вакцинација против Ковид-19.
Со тоа републиканскиот гувернер Абот се спротивстави на американскиот претседател Џо Бајден, кој изминатите месеци ги повикува работодавците низ целата земја да им наложат на своите вработени да се вакцинираат против коронавирус или да им се заканат со отказ,
– Вакцината против коронавирус е безбедна, ефикасна и е нашата најдобра одбрана од вирусот, но треба да остане доброволна, а не наметната истакна Абот.
Во наредбата се наведува дека „ниту еден ентитет во Тексас” не може да бара доказ за вакцинација од кое било лице, вработени или клиенти.
Технолошките гиганти Фејсбук (Facebook Inc) и Гугл (Google Alphabet Inc) побараа од своите вработени да поседуваат сертификат за вакцинација за да можат да се вратат во своите канцеларии. И двете компании вработуваат голем број луѓе во Тексас.
Додека Американ ерлајнс (Аmerican Аirlines ) им нареди на своите американски вработени до 24 ноември да приложат сертификат за вакцинација, а во спротивно ќе добијат отказ. Тие наметнаа обврска за вакцинација на 60.000 нивни вработени од САД, од кои околу 9.000 се во Тексас.
Обврската за вакцинација стана горливо политичко прашање во САД и голем број конзервативци веруваат дека државата ги надмина своите овластувања, додека опонентите оценуваат дека обврската е клучна во борбата против Ковид-19.