Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Стручна трибина за комерцијалните аспекти на иновацијата и финансиските можности за нејзина поддршка, како и за искуствата во Македонија во оваа област и идните стратегии за развој на иновативни бизнис концепти, ќе се одржи денеска во рамки на 43. Меѓународен саем Технома 2017.
На трибината ќе се дебатира како Владата, бизнисот и општеството можат да ги поттикнат иновациите и нивната комерцијализација во контекст на финансиска поддршка, кои се досегашните искуства, планови и стратегии за содржините кои ги креираат и новите бизнис заедници (стартапи, акцелератори, хабови..)
На трибината ќе учествуваат претставници на сите чинители чие делување е во насока на финансирање и комерцијализација на иновациите.