Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Името Фејсбук веќе не може да ја одрази целата палета на понуди на концернот, изјави Марк Закерберг, затоа во иднина ќе се користи името Мета. Со новото име Закерберг сака фокусот да го стави на новиот виртуелен свет „Метаверзум“, во кој ја гледа иднината на дигиталната комуникација и на својата фирма.
Истовремено намерата е претпријатето да го извади од сенката на првичната и досега најважна платформа, Фејсбук. Во Мета освен Фејсбук припаѓаат и Инстаграм и Ватсап, сите тие ги задржуваат своите имиња.
Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси угледот на Фејсбук и да се оддалечи компанијата од големиот број скандали во последно време.
Посебно голема прашина кренаа изјавите на поранешната соработничка на Фејсбук, Френсис Хоген, која својот поранешен работодавач го обвини дека во преден план ги става своите финансиски интереси, а не безбедноста на корисниците, што Фејсбук енергично го демантираше.