Техничкиот персонал и болничарите лути на Филипче – и тие бараат покачување на платите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


После договореното покачување на платите на специјалистите и здравствените работници, кое го договорија Министерот за здравство, Венко Филипче, и лидерот на гранковиот синдикат на Клинички центар, Горан Беговиќ, административно техничкиот персонал во здравството му се налути на Филипче што не ги покачи и нивните плати.

Велат дека се изманипулирани и оставени да преживуваат со минимални примања. Бараат и тие повисоки плати. Во спротивно најавуваат протест на 27. месецов, пренесува 24.мк.

„Платите на административно техничкиот персонал се под минималната плата во државата и изнесуваат од 12.000 до 20.000 денари. Персоналот е изманипулиран, заборавен и оставен да функционира и преживува со минимални просечни примања од кои не може да ги покрие основните потреби за пристоен живот “ – велат од Независен синдикат на административно техники персонал во здравството.

Министерот Филипче објаснува дека администрацијата во здравството не може да се оддели од останатата администрација затоа и биле изоставени но тврди дека ќе бара решение и ветува дека тие ќе бидат први на следната листа на покачувања на платите.

„Проблемот е што јавната администрација што работи во здравството не можеме никако да ја одделиме од останатата администрација. Но имавме конструктивна средба со цел да видиме дали администрацијата во здравството може да се одвои од останатата. Ќе следат средби и со претставници МИОА и се надевам дека ќе најдеме соодветно решение со оглед на тоа што овие административци имаат навистина специфична работа“ – рече Венко Филипче – министер за здравство.

По заканите за штрајк од синдикатите за здравство, власта вчера предизборно им ги накачи платите на здравствените работници.

Министерството за здравство вчера соопшти дека од февруари специјалистите на контото ќе добиваат 25% повисока плата, општите доктори 15 проценти, додека пак медицинските сестри 10%.