Техничкиот бугарски премиер Јанев : Бугарија нема да даде „зелено светло“ за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, во интервју за бугарската национална телевизија, соопштио дека Бугарија идната недела нема да даде зелено светло за Македонија за старт на преговорите со ЕУ.

Оваа изјава на Јанев доаѓа на неполни 24 часа пред посетата на македонскиот премиер Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворшени работи Бујар Османи на Софија, каде токму со Јанев, но и со претседателот на Бугарија Румен Радев треба да разговараат дали е можно Бугарија на самитот на ЕУ идната недела да ја крене рампата за земјава. Студениот туш од Јанев речиси и ја прави беспредметна утрешната посета на Софија во контекст дека таа може да се разубеди околу старот на преговорите за земјава, пренесува Телма.

Јанев додаде дека утре го очекува Заев во Софија со кого, како што информираше, веќе неколкупати телефонски разговарале, при што рече дека му предложил на Заев да седнат и да бараат решение. Според него ако двете страни постигнат потенцијалном решение по формирањето на Собранието може да се бара решение во претсотјните месеци.