Техничар во МНТ паднал од голема висина – со тешки повреди пренесен на Клинички


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вчера во Македонскиот народен театар во Скопје се случи несреќа во која 35-годишен светло-техничар, паднал од висина додека изведувал работни задачи.

Од МВР информираат дека мажот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза’’.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.