Тегнел порачува: Наместо да ни се смеете, научете нешто од нашиот модел за борба против коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во отворено писмо кое го пренесе „Политико“, шведскиот епидемиолог Андрес Тегнел порачува дека наместо да му се смејат на шведскиот модел применуван во борбата против коронавирусот, луѓето треба да научат нешто од нивното искуство.

Тегнел вели дека карантинот и другите забрани што ги воведоа сите европски земји можат да функционираат само во краток период, а дека на долги патеки шведскиот модел е подобар.

Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само им даде упатства на граѓаните како да се однесуваат, што како последица имаше повеќе заразени и повеќе жртви од коронавирусот отколку во земјите што воведоа карантин.

Во писмото Тегнел објаснува дека „шведскиот модел“ не е истото што го примениле во Соединетите Американски Држави и во Бразил, односно „живеј и дозволи да умрат“, ниту пак методот „секој да се грижи за себе“, туку „сите за секого“.

„Шведскиот модел“ на одбрана од коронавирусот има историски корени и се базира на идејата дека секој треба да учествува во одбраната (не само од заразата, туку и во други ситуации) и дека секој треба да го даде својот придонес.

Долгорочно ќе се покаже дека „шведскиот модел“ е подобар, бидејќи строгите мерки на ограничување, црвени зони и карантин може да се применат само краткотрајно, тврди шведскиот епидемиолог.

„Отпорот против кризите што траат подолго или се враќаат во бранови е можен само со одговорно учество и однесување на сите граѓани“, пишува Тегнел во писмото од Стокхолм.