Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кањо Кристалес во Колумбија од поодамна се наоѓа на списокот на најубави реки во светот.
Позната и како „течно виножито“ оваа спектакуларна река се претвора во калеидоскоп од бои, благодарение на слатководните растенија специфични планинскиот венец Сиера де ла Макарена.
За време на краткиот временски период меѓу сувата и дождовната сезона – од јули до ноември – мовта, водните растенија и коралите и даваат на оваа река невројатен изглед.
Туристи се собираат секоја сезона за да уживаат во погледот на зелената, сивата, црвената и жолтата боја, а локалните жители велат дека реката најубаво изгледа непосредно по невреме.
Речното дно е богато со седименти стари и до 1,2 милијарди години, кои исто така и даваат боја на оваа река.
До Кањо Кристалес не може да се дојде со автомобил, туку со пешачење и тоа од Макарена националниот парк.