Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Колку апсолутно бескорисни за општеството славни фаци знаете и можете да наброите? Веројатно повеќе отколку што и самите би сакале да признаете.
Време е на кратко да го тргнеме фокусот од „старлетите“ и другите „селебрити“ фаци и да се префрлиме на луѓето чии имиња и тоа како би требало да ги знаеме, но веројатно најголем број од нас не ни слушнале за нив. И не, нема премногу да морализираме, бидејќи точно е дека и самите пишуваме за тие погореспоменатите „старлети и селебрити“ (тоа е, „фидбекот“ од публиката наложува да се следи и тој тренд), но факт е дека знаеме премногу апсолутни бескорисници кои не направиле ама баш ништо за доброто на општеството.
Џозеф Листер
Неговото име е целосно непознато за голем број луѓе, но секој кој некогаш се нашол на операциона маса, би требало да му биде благодарен на овој британски хирург.
Листер е заслужен за неколку „трикови“ за зголемување на бројот на успешни операции. Пример, миењето раце пред изведување на хируршки зафат, носењето чиста облека за време на операцијата, чистењето на раните и стерилизирањето на хируршките инструменти.
За жал, денес неговото име се задржало во меморијата на редок број луѓе, но и на водичката за уста „Listerin“, која иноваторот Џозеф Лоренс ја нарекол по Листер.
Џоезф Мортиер Гранвил
Иако поради тоа му било непријатно сè до смртта, Гранвил е татко на електричниот вибратор кој го носи и името „Гранвилов чекан“.
Неговата прва намена била лекување на „женската хистерија“, што е застарено име за цел спектар состојби, меѓу кои и старата добра „напаленост“.
За жал, сето останато поврзано со овие „пореметувања“ е сè, само не симпатично и смешно, бидејќи било повод за жените, поради таа дијагноза, да ги сместуваат во лудница и биле подложувани на хистероктомија.
Мери Андерсон
Секој пат кога на дождлив ден ќе ги вклучите бришачите за ветробранско стакло за непречено да возите на дождот, заблагодарете се на Мери Андерсон која уште во 1903 година забележала дека автомобилите имаат еден очигледен недостаток.
Но, автокомпаниите го одбиле нејзиниот изум за масовно да почнат да го употребуваат дури 17 години подоцна, откако му истекол патентот.
Пјер Жане
Неговата работа и теориите на полето на психоанализата, хисетеријата, дисоцијацијата и односот меѓу лекарите и пациентите имале големо влијание на Сигмунд Фројд и Карл Јунг.
Но, Жане и Фројд станале ривали откако Фројд ги објавил теориите од Жане и ги претставил како свои.
Денис Ричи
Ги обожавате уредите од Apple? Користите Linux? Имате паметен телефон или таблет? „Висите“ на интернет?
Би било добро да занете за Денис Ричи, кој со Кен Томпсон, го создадоа оперативниот систем Unix и програмскиот јазик C, врз кои почива функционирањето на сите погореспоменати технолошки иновации.
Секако, оние кои треба да знаат за него, знаат кој е. На крајот на краиштата, доби и Национален орден за технологија и Турингова награда, а тие две се нешто како Оскар и Новелова награда за компјутерски науки.
Но, за повеќето луѓе и понатаму е непознат, за што доволно говори фактот дека почина само една недела после Стив Џобс. За смртта на вториот пишуваа сите светски медиуми, додека за првиот никој не пиша ни збор.
Хедер МекКеј
Сквошот веројатно не е спорт кој го следите, но успехот на Хедер МекКеј е импресивен, независно од спортот со кој се бавеше.
Во првите две години од сквош кариерата, Хедер загуби само два професионални меча. Во остатокот од нејзината кариера, од 1962 до 1981 година, МекКеј не загуби буквално ниту еден меч.
Е сега, она што ја прави уникатна е фактот дека токму таа победнички 19 години без прекин, се најдолгата победничка серија во историјата на професионалните спортови воопшто.
Хелен Холмс
Пред мускулестите мажјаци да го окупираат големото платно, оваа 20-годишна актерка сними серија од 46 кратки филмови и тоа сите во само една година, 1915. Серијалот носи име „The Hazards of Helen“, а хероината прави неверојатни подвизи како запирање на воз кој е излезен надвор од контрола и борба против разбојници.
Не користела каскадери ниту во најопасните сцени кои вклучувале борби на покривот од забрзан воз или слетување со мотоцикл од мост во река.
Накратко, Хелен Холмс беше првата акциона хероина.
Леонардо Торес Квеведо
Овој шпански инженер и иноватор зад себе има серија изуми, но оној по кој е најпосебен е иновацијата на првиот механички сметач во историјата.
Она што е уште поимпресивно е дека во 1914 година ја претставил иновацијата „Еl Ajedrecista“ (шахист) која се смета за првата компјутерска игра во историјата.
Сер Џон Харингтон
Можеби ви звучи целосно непознато, но можете да му заблагодарите за еден од најзначајните изуми во историјата на човештвото – WC шолјата која имала механизам за пуштање вода после извршената нужда.
А тоа, ќе се сложите, е голема работа.
Жорж Мељес
Уште во 1897 година Мељес го режираше „After the Ball“, филм во кој се појавуваат првите разголени филмски сцени во историјата на филмот. Тоа беше раѓањето на порнографијата.
Џери Лосон
Лосон од мали нозе имал талент за технологија. На само 12 години го изработил првиот радиоприемник, а една година подоцна беше и првиот афроамерикански член на клубот Homebrew Computer од Силиконската долина.
Она по кое ќе го памтиме е дека во 1976 година го дизајнираше Fairchild Channel F. Тоа беше првата играчка конзола со микропроцесори и кертриџи кои можат да се менуваат. Вистина, не беше популарна како Atari 2600 која беше продадена во повеќе од 30 милиони примероци, но со 250.000 продадени примероци оваа игра создаде основа за сето она кое следеше после неа.