Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По повод Светскиот ден на театарот градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, и директорката на Домот за култура, Менче Караџоска, ги посетија прилепските актери во дотраената театарска зграда кои се подготвуваа за најновата претстава, пренесува Сител.
Се стоплија на импровизираниот шпорет на дрва направен од метално буре, а над нив на таванот во просторијата се уште беа видливи трагите од тоа како кај електричната инсталација капело вода од последниот дожд. Од општината се прогласија за ненадлежни за оваа ситуација.
„Овој објект е во надлежност на министерството за култура и неможам јас да кажам што треба. Јас само можам да лобирам да се одобрат средства за реновирање или пак реконструкција на овој театар“, изјави Илија Јованоски, градоначалник во Прилеп.
Директорката истакна дека зградата ќе се одржувала, но не кажа дали и колку средства ќе се добијат во иднина.
„Редовно се бараат средства од Министерството за култура, од инвестициски сектор и досега имаме добиено пари за реновирање и реконструкција на фоајето, таму ја сменивме целата кровна конструкција“, истана Менче Караџоска, в.д. директор на дом за култура „Марко Цепенков“.
Од Општина Прилеп се пофалија дека идната година ќе се започнело со изградба на нов тетар кој биде во склоп на постојниот објект на домот за култура „Марко Цепенков“. Во постапка била промена на ДУП-от. Но никој не кажува што ќе прават актерите во вакви катастрофалните услови додека во текот на сите тие години се гради новиот театар.
Прилеп го има еден од најдобрите ансамбли во Македонија кој има освоено безброј награди дома и во странство, тука се одржува и најпрестижниот фестивал „Војдан Чернодрински“ и навистина е срамно да има ваков тетар.